Уставниот суд на 18 март ќе распрва за иницијативата за објавувањето на новото име Репубика Македонија во Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.

Судот ќе одржи подготвителна седница на која ќе се донесе одлука дали по оваа точка ќе се закаже главна расправа или ќе ги отфрли иницијативите. Поднесени се четири иницијативи меѓу кои на Светскиот Македонски конрес, на Солза Грчева и на адвокатот Томе Тодоровски.

Тие во иницијативите сметаат дека претседателот има право на суспензивно или џебно вето и оти претседателот на Собранието, во случајот Талат Џафери нема право да потпишува Указ со негово име.

Уставниот суд закажа подготвителна седница на 18. март и за оценување на уставноста на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците.

Уставниот суд на РМ еднаш веќе има донесено одлука со која двојниот потпис на претседателот на Собранието го прогласи за неуставен чин. Во далечната 1997 година, тоа го стори Тито Петковски кога како претседател на Собранието го потпиша Указот за прогласување на тогаш донесениот Закон за знамињата и во свое, но и во име на претседателот на државата, Киро Глигоров, кој беше на службен пат во Мадрид.

Уставниот суд оцени дека потпишувањето на Указот од страна на претседателот на Собранието кога претседателот на државата не е спречен тоа да го стори е неуставно и го укина Законот.