На третиот по ред „Фестивал на различностите” кој се одржува во Доха од 18 октомври 2018 до 9 март 2019 година, месец ноември бил резервиран за културно уметнички друштва од Гана и Македонија.

Но, нашата држава била претставена само од албански културно уметнички друштва и албански танци, објавуваат нашинци кои живеат и работат во главниот град на Катар.

“Јасно ми е дека треба да имаме соживот и јас сум една од најголемите поддржувачи на двојазичност, братство единство, љубов и хармонија и се по список..
Но…

Не може да се преставува македонската култура, со албански фолклор. Разбирам да беше мешано, еве, ќе изиграме 2 македонски и 2 албански ора, да се види дека сме сложни браќа и сестри.
На ова претставување на македонски фолклор, на културен настан во Катар, имаше само албански играорци, албанска музика, албански носии со албански знамиња.. Немаше ни М од Македонија.
Извинете другари, ама ова не можам да го поддржам.

Да беше само фолклорно друштво од Македонија, ќе разберев. Не и претставување на македонска култура и македонски фолклор.

Нашата амбасада индиферентна, немаше никој на настанот, во гужва биле. Изгледа Македонија многу е активна, не може да постигнат од настани за време на викенд.

Реално, не знам ни зошто постои македонска амбасада во Катар, само за потсмев сме тука помеѓу дипломатите од останатите земји”, пишува една Македонка на својот Фејсбук профил.

Иако поканета под името Македонија, нашата држава била претставена само од албански културно уметнички друштва.

Останува непознато дали за настанот е информирано Министерството за култура на Република Македонија, како и Министерството за надворешни работи.

Покрај Македонија, на фестивалот свој настап имаат културно уметнички друштва од Индија, Оман, Гана, Мексико, Турција, Шпанија, Чешка, Иран, Казахстан, Сингапур, Бугарија, Мароко, Србија, Шри Ланка, Босна и Херцеговина и Русија.