Венко Филипче на вчерашната прес-конференција излажа за победа во 3 и за водство во уште девет општини.

Реалноста го демантира претседателот на губитничката партија на овие избори, која изгуби неколку „бастиони“ и падна на мизерно 4-то место во Скопје. СДСМ победи во минорни 3 општини, и само тоа е точно, но води во само уште ПЕТ општини. За да га намали поразот, Филипче на контото на СДСМ лажно си ги додаде/прилепи Валандово, Облешево-Чешиново, Конче и Пробиштип. Во овие општини водеше и води кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, нешто што беше јасно и во текот на прес-конференцијата на „лидерот“, кој освои цели 3 општини во историскиот дебакл на партијата. Бројките не лажат, Филипче е тој кој го прави истото.

Вакво „тресење од ракавот“ на резултати му стана навика на „лидерот“, кој во два наврати се расфрлаше со лажни анкети, без изведувач, нарачател време и примерок, анкети кои испаднаа пуста желба на СДСМ, додека анектите на ИПИС кои Бихаќка ги ругаше и велеше дека се местени испаднаа скоро 100 насто точни.