Од денеска до среда (29 мај) ќе биде воведена измена на сообраќајниот режим на патниот правец Штип – Кадрифаково.

Како што соопшти АМСМ по известување добиено од Виадукт трејд ДООЕЛ Гостивар, измената на сообраќајот е поради изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, на овој патен правец.