Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и државниот секретар во МТСП Флакрон Беџети денеска беа на пешачката патека во Тетово заедно со младите и  под водство на извидниците, во рамки на иницијативата „Walk and Talk“.

-Тетово беше петтиот град во кој се спроведува иницијативата со младите од средните училишта. Тренчевска во изминатиот период беше дел од групите во Струмица, Валандово, Штип и Пробиштип. На средбите присуствуваат лица од 15 до 29 години кои активно се вклучуваат во дискусија со експертката ангажирана за водење на наративот и дискусијата за време на пешачењето, соопшти МТСП.

Иницијативата „Walk & Talk” ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници и со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика.

Фото: МТСП