На плажа на грчкиот остров Евија биле пронајдени 82 икони кои биле исфрлени од морето, а засега, непознато е потеклото и како се нашле во морето, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека од граѓанин биле информирани дека на конкретната плажа се пронајдени 82 црковни икони и започната е прелиминарна истрага.

Иконите биле одземени и ќе ѝ бидат предадени на службата за антиквитети на островот Евија.