Семејството на италијанскиот милијардер, Силвио Берлускони ги продава луксузните вили , ги има повеќе од 100.

Децата на Берлускони го продаваат недвижниот имот на својот татко, поради огромните месечни сметки. Наследниците на Силвио Берлускони, неговите пет деца, одлучија да продадат поголем дел од недвижниот имот.

Поранешниот премиер на Италија, лидер на партијата Форца Италија, кој почина на 12 јуни 2023 година, ја започна својата кариера во секторот за недвижнини со изградба на квартот Милан 2.

Децата на Силвио Берлускони, кој почина во јуни 2023 година, одлучија да ги продадат повеќето од неговите вили освен вилата Сан Мартино од 3.500 квадратни метри во Аркоре кај Милано, каде што нивниот богат татко ги помина последните денови од својот живот.

Според италијанскиот весник „Il sole 24 ore“, вредноста на имотот на Берлускони е околу 800 милиони евра, а нивната продажба треба да ја олесни поделбата на наследството, а не поделбата на недвижностите, од кои повеќе од 100.

Сите имоти, станови и вили носат високи месечни трошоци за вода и струја, кои само за три вили како онаа на Сардинија, потоа езерото, Азурниот брег и Бријанка надминуваат милион евра годишно.

Децата на Берлускони сакаат да ги продадат сите вили освен премиерската резиденција во која тој живеел 50 години, вилата Сан Мартино, каде се наоѓа семејниот мавзолеј.

Како што јави агенцијата Анса, се продава вила Гернето, резиденција со голем парк од 18 век кај Лезмо во Бријанка, каде Марта Фашина и Силвио Берлускони симболично се венчаа во 2022 година. Оваа вила е во сопственост на Фининвест и нејзината цена е околу 44,8 милиони евра, а Берлускони сакал за време на неговиот живот вилата да стане Универзитет на „слободни мисли“, пишува РТС.

Се продаваат и вилата Чертоза, огромна зграда на Коста Смералда која чини меѓу 250 и 300 милиони евра, како и две вили на островите Антигва и Барбуда, кои беа планирани за продажба уште пред отворањето на тестаментот. На продажба беа Гранде во древната Апија во Рим, вилата Ла Лампара во Кана со 500 квадратни метри и поглед на море, Вилата Кампари во Леза на езерото Маџоре и вилата Two Palms на островот Лампедуза. За оваа вила од 250 квадратни метри, економистот Џани Профита понуди три милиони евра.

Берлускони поседуваше не само вили, туку и многу земјиште, полиња на Коста Тиркиз кај Облија, каде што поранешниот премиер сакаше да изгради огромно одморалиште со вили и терени за голф. Берлускони имал и околу 100 апартмани во Милано, како и киното Фјама во Рим. Наследниците на Берлускони се отворени и за понуди за две јахти, Morning Glory и Sweet Dragon.