Македонски иселеници во Австралија вчера на Денот на независноста на Македонија во знак на револт во Мелбурн запалија макети со ликовите на премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шеќеринска.
Групата македонски иселеници протестираше пред конзулатот на Република Македонија во Мелбурн против промената на името на државата и против актуелната власт во Македонија.
Демонстрантите прво ги запалија знамињата на Бугарија и Грција, а потоа и подготвените макети со ликовите на Заев и Шеќеринска. Додека гореа макетите демонстрантите ги набројуваа „сите душмани на Република Македонија“.
На протестот се вееше првото знаме на Република Македонија по осамостојувањето со Сонцето од Кутлеш.