Акцијата за плаќање на заостанат долг на рати и без камата завршува утре, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ и воедно ги повикуваат сите корисници кои имаат долг, да ја искористат оваа можност.
Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Физичките и правни лица може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“.