Редовната седница на Владата утре нема да се одржи во Скопје туку во Градот на конзулите, во зградата на Општина Битола.
Како што соопштуваат од Владата, приоритет на седницата ќе добијат информациите и одлуките за проекти поврзани со општините од југозападниот дел од Македонија.
– Со оваа прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава претседателот на Владата на РС Македонија Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во Владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар“, соопштија од Владата.
Ако ваквиот потег нема популистички намери, а Владата сакала, сепак, градоначалници од тој регион да присуствуваат на седница, доста поевтино ќе го чинеше буџетот и граѓаните на седница во Скопје да дојдеа осумте градоначалници, наместо 20-30 министри да одат во Битола.