На градежното дивеење кај Мавровка мора да се стави крај, објави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Град Скопје, на мое барање, уште на 9 јули 2020 година реагираше до надлежните инспекторати за градежното дивеење кај Мавровка. Денес добив одговор од Инспекцискиот Совет, за закажан заеднички инспекциски надзор на државниот и општинскиот градежен инспекторат. На градежното дивеење кај Мавровка мора да се стави крај, објави Шилегов на Фејсбук за дивоградбата во центарот на Скопје, која е поприлично извишена.

Добро е што Шилегов се сетил да ја извести јавноста дека „преземаат мерки“ за дивоградбите и кога ќе стигнат за чатијосување.

Добро е и тоа што Шилегов одвоил време за дивоградби од „Скопје 2020“ оти градоначалникот, според неговите објави на социјалните мрежи, е презафатен со легално поставените споменици и галии од „Скопје 2014“.

И сега останува јавноста да види каде „таткото на Скопје“ ќе покаже поголеми мускули – врз „галиите од Коце“ или врз „дивоградби од Петре“. И дали производот од, како што вели Шилегов, дивеењето кај Мавровка ќе ја има истата судбина како платформата на Матка.

(Д.Г.)