Англискиот фудбалер Рахим Стерлинг, минува низ најтешкиот период во кариерата и животот.

Поранешната ѕвезда на Манчестер сити, Челси и Арсенал се соочува со сериозна закана од затворска казна, откако официјално е обвинет за три тешки прекршоци.

Стерлинг е обвинет за опасно возење, одбивање да даде примерок за алкотест и поседување на забранет азотен оксид, познат како „гас за смеење“. Случајот е поврзан со сообраќајната несреќа во мај, кога го предизвика инцидент и го оштети своето „Ламборџини“ на автопатот.

Портпаролот на полицијата во Хемпшир јавно ги потврди сите точки од обвинението.

„Возачот Рахим Стерлинг (31) следниот месец ќе се појави пред суд, каде што ќе се соочи со три обвиненија: опасно возење, поседување азотен оксид за нелегално вдишување и одбивање да даде примерок на лице место. Обвиненијата следуваат по сообраќајната несреќа во која учествувало возило „Ламборџини“ на автопатот М3. Стерлинг е должен да се појави пред Прекршочниот суд во Бејзингсток на 15 септември“, соопшти полицијата.

31-годишниот Стерлинг доживеал сообраќајка во која учествувало само неговото возило. За среќа, немало повредени, но полицијата веднаш го уапсила на местото на несреќата. Доколку биде прогласен за виновен, Стерлинг може да се соочи со затворска казна до две години.