Ливерпул нема да може да го пречека Реал Мадрид на „Енфилд“ во лигашката фаза од Лигата на шампионите оваа сезона.

Причината е новото правило на УЕФА, кое има за цел да спречи истиот натпревар со ист домаќин да се повтори три сезони по ред.

Според новите правила на европската централа, трет последователен дуел на „Енфилд“ не е дозволен.

Ливерпул и Реал Мадрид не можат повторно да се сретнат. Двете екипи можат да играат меѓусебен натпревар, но тоа да биде на „Сантијаго Бернабеу“.

Со ова правило УЕФА сака да избегне ситуација во која истите екипи три сезони по ред се среќаваат на истиот стадион, односно да се внесе поголема разновидност во ждрепката и распоредот на натпреварите.