Фотографија од Зимските олимписки игри во Кина, кружи на социјалните мрежи, на која се гледа развеано поранешното знаме на Република Македонија со 16-кракото сонце.
– Корисници на социјалните мрежи коментираат: Македонци, вака се сака Македонија! Секоја чест за македонските преставници на Олимпијадата во Кина! Секој од нас треба да се приклучи во борбата и што побрзо да си ја вратиме слободата и човечкото право за самоопределување…, се само дел од бројните пораки на социјалните мрежи, под фотографијата што е објавена на страницата на Млади за Македонија.
Македонија на ЗОИ во Пекинг од 4 до 20 февруари ја претставуваат Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиско и Дардан Дехари во алпско скијање, предводени од тренерите Борче Јованоски и Антонио Ристевски и од спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет, Владимир Богоевски.
(Д.Г.)