Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, проговори за една деценија долгата серија на тимот без освоен трофеј во Англиското фудбалско првенство. Тој за успех сезонава ќе го смета евентуалното освојување на 4. место и пласманот во Лигата на шампионите.

– Ако Манчестер јунајтед нема освоено титула 10 години, тогаш има сериозни причини за ова. Сите во тимот ќе бидат среќни ако сезоната ја завршиме на четвртото место, вклучително и јас, изјави Рангник.

Манчестер јунајтед е четврти во Премиер лигата со 38 бода од 22 натпревара.

Следниот натпревар во првенството „црвените ѓаволи“ ќе го имаат вечер од 21 часот на гостински терен против Барнли.