Началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски, во изјава за порталот Курир вели дека поради политички мотиви нема да дозволи да биде злоупотребено неговото име.

-Во последниот период поради политички мотиви во јавноста има постојани напади на мојата чест и углед. Јас тоа нема да го дозволам. Како повеќегодишен припадник на Министерството за внатрешни работи во кое мојата углед и чест досега не биле нарушени, како човек без ниту една истрага против мене, без ниту еден постапка пред јавното обвинителство и како човек без ниту една пропишана казна и санкција за досегашната работа во службата, припадник на МВР кој поседува безбедносен сертификат со повеќе награди и признанија за успешна работа нема да дозволам моето име да биде злоупотребено во политички манипулации, вели Ставревски.

Тој додава дека на секоја лага ќе одговори со вистина и нема да дозволи да се валка и честа на неговите соработници и службата и Министерството во кое работи, но и дека ќе поднесе тужба против дополнителната заменик министерка во МВР, Славјанка Петровска.

-Ќе е бидам приморан поради неосновани клевети да покренам приватна тужба кон изворите на таквото манипулирање доколку истите тие не се извинат во законски пропишаниот рок, вели Ставревски во изјава за Курир.