Над 131.000 Венецуелци побарале азил во Перу во 2018 година, соопшти комисијата за прашања на бегалци во Министерството за надворешни работи.

И покрај огромната бројка молби, само 400 биле одобрени.

Извршнит секретар на комисијата, Патрисио Рубио изјави дека се  разгледуваат сите случаи, но приоритет е даден за лица кои ги следат властите во венецуела. Според податоци на УНХЦР, над три милиони луѓе веќе ја напуштиле Венецуела. Перуанските власти го признаа минатиот месец лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за в.д претседател на Венецуела.