Во Турција има над 6.000 луѓе запишани во избирачкиот список на возраст над 100 години. Во еден од случаите станува збор за жена на возраст од 165 години, покажува анализа на опозициската Народнорепубликанска партија.
Според анализата, во државата има 6.389 избирачи постари од еден век, а најстарата е Ајше Екиџи која има 165 години и живее во округот Кајсери во Анадолија.
– Некои од нив се живи, но има и такви кои според списокот, се на возраст над 120 години. Имаме избирачка родена во 1854 година, со име Ајше Екиџи, изјави Онурсал Адаѓузел, заменик претседател на таа партија.
Во избирачкиот список постојат и 149-годишниот Зулјуф од Шанлурфа и 148-годишната Ајше од Ајдин. Во споредба со последните избори, бројот на избирачи во околијата на градот Орта во Анадолија се зголемил за 95,47 тсто.