Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, денеска го прослави својот прв Ден на мајката, само шест дена по породувањето, и за таа прилика таа објави убава фотографија на синчето Арчи. Меркел на Инстаграм објави фотографија, на која се гледаат ноџиња на мало бебенце во раце на мајката.

-Денеска оддаваме почит на сите мајки – оние од минатото, сегашните, идните мајки и оние кои се изгубени, но никогаш не заборавени. Ја почитуваме и славиме секоја од вас. Денеска е Денот на мајката во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Кенија, Јапонија и неколку земји низ Европа – вели таа.