Шансите, светот каков што го знаеме да исчезне до 2050 година, се околу 49 отсто, предупреди американскиот научник Џаред Дијамант, професор по географија на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.

Научникот, кој својата кариера ја посвети на проучување на цивилизациите, кои повеќе ги нема, во својата нова книга „Пресврт” ((Upheaval) укажува дека, додека претходните цивилизации се уништувале самите себе, ризикот со кој се соочуваме денес е дека пред нашите очи да исчезнува целиот на нас познат свет. Значи, не цивилизациите една по една, туку целиот живот (поврзан со глобализацијата) каков што живееме денес.

„Проценувам дека има околу 49 отсто шанси светот каков што го знаеме да се урне до 2050 година. Со темпото со кое светот сега се движи, неплански се трошат ресурсите кои ни се потребни за одржување на такво комплексно општество. Овие ресурси не се самоодржливи. Повеќето рибарски компании во светот ги црпат ресурсите од вода и тие стануваат исцрпени. Фармите ширум свет го прават истото. Плодната почва и водата за пиење во светот не се користат така за да можат ресурсите да се обноват. Поради тоа, моите проценки се дека цивилизацијата како што ја знаеме ќе може да се справи со неодржливоста две или три децении, но околу 2050 година тоа веќе нема да биде можно, вели професорот.

– Што значи дека до 2050 година или ќе смислиме пат, кој ќе биде одржлив, или тогаш ќе биде премногу доцна – вели професор Дијамант во интервју за „Intelligencer“ и истакна дека, иако тој најверојатно ќе биде мртов, неговите деца ќе бидат во 60-тите години, и дека таа тема многу го интересира.

За нешто да се реши и да се победи ова сценарио, тој вели дека на прво место, секоја земја мора да признае дека е во криза.

Научникот, исто така, истакнува дека во борбата за зачувување на светот не можеме да бираме приоритети. Во овој момент сите треба да го прават истото.

„Мораме да избегнеме нуклеарен Холокауст, бидејќи тој ќе не докрајча, дури и ако ги решиме климатските промени. Мораме да ги решиме климатските промени, бидејќи ако тоа не го сториме, ако само се грижиме за нуклеарниот Холокауст – ние сме готови. А ако го решиме и едното и другото, а повторно ги користиме нашите ресурси непланирано и на начин на кој тие не можат да се обноват – ние сме готови. Па, и да ги решиме климатските промени, да го спречиме нуклеарниот Холокауст и да научиме како правилно да ги користиме ресурсите, а во исто време да продолжиме да ја зголемуваме нееднаквоста во светот – ние сме готови. Така што, не можеме да избереме приоритети. Во овој момент сè е важно и итно. Ние треба да ги решиме сите наши проблеми – предупреди научникот.