Шпанскиот тенисер Рафаел Надал преку социјалните мрежи ја коментираше победата над Австриецот Доминик Тим во финалето на Гренд Слемот „Ролан Гарос“.

– Ви благодарам „Ролан Гарос“ за ова неверојатно искуство. 12! Сè уште не можам да верувам во тоа, напиша Надал на Твитер.

Надал го освои 18. Гренд слем и 12. титула во Париз.