Нафтената дамка е формирана поради излевање на нафта во Каспиското Море поради оштетен цевковод, соопшти денес прес-службата на државната компанија за нафта и гас на Азербејџан „СОКАР“.
„На 19 јуни, централната канцеларија на нафтената компанија доби информација за откривање на траги од загадување во областа на плажата Дубенди. За време на првичниот преглед, откриена е нафтена дамка“, се вели во соопштението, кое го објави РИА Новости.
Изворот на истекувањето првично не можеше да се открие, но подоцна стана јасно дека горивото истекувало од подводен нафтовод кој, според прелиминарните извештаи, бил оштетен од удар на сидро, соопшти агенцијата.
Транспортот на суровини е суспендиран, а формирана е работна група за отстранување на последиците од инцидентот, додека во моментов се во тек поправки на нафтоводот.
Работата се изведува во координација со Министерството за вонредни ситуации на Азербејџан и националната нафтена компанија.
СОКАР нагласи дека ситуацијата е под контрола, пренесува Танјуг.




