Американскиот претседател Доналд Трамп денеска преку социјална мрежа Truth Social, објави дека британскиот премиер Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата, обвинувајќи го за неуспех со неговата политика за имиграција и енергија.
„Кир Стармер ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство“, напиша рече Трамп, додавајќи дека Стармер доживеал катастрофален неуспех по две многу важни прашања – имиграцијата и енергијата.
Во врска со енергијата, Трамп во својот пост цели дека неуспехот на Стармер бил во тоа што не го отворил Северното Море за поголемо производство на нафта.
Трамп постојано ја повикува Велика Британија да го отвори Северното Море за експлоатација на нафта, наместо да користи ветерници.
Коментарите на американскиот претседател доаѓаат во време кога Стармер го поминува викендот размислувајќи дали да се повлече, по зголемените повици за негова оставка.
Трамп и Стармер последен пат се видоа на состанокот на Г7 во Франција, но не одржаа билатерална средба
Стармер изјави дека тој и Трамп „се согласуваат навистина добро“ кога новинарите на самитот на Г7 го прашаа зошто немале тет-а-тет средба.
Првично пријателскиот однос на британскиот премиер со американскиот претседател значително се влоши во последните месеци.
Тензиите продолжија да тлеат околу одбивањето на Стармер да им дозволи на американските сили да ги користат базите на Кралските воздухопловни сили во почетниот бран напади врз Иран.
Минатата недела, Стармер објави забрана за социјалните медиуми за лица под 16 години, што не наиде на одобрување кај администрацијата на Трамп.




