Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека Израел претпочита дипломатско решение за иранската нуклеарна програма, но и оти може и самостојно да постапува.
– Израел го задржува правото на самоодбрана и да преземе акција против Иран за да ја стопира неговата нуклеарна програма, доколку меѓународната заедница не го стори тоа во релевантна временска рамка, рече Бенет.
Во разговор со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој во четвртокот пристигна во Тел Авив, Бенет рече дека доколку не се постигне решение во соодветната временска рамка Израел го задржува правото на самоодбрана.