Нови 40 заболени лица, 11 излекувани и еден починат е билансот на Ковид-19 во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Во изминатото деноноќие се направени се 549 тестирања, при што се регистрирани 40 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 26, во Куманово – 1, во Прилеп – 1, во Тетово – 10, во Велес – 1 и во Битола – 1.
Од МЗ истакнуваат дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 11 оздравени пациенти од кои во Скопје – 2, во Штип – 1, во Прилеп – 4, во Велес – 2 и во Кочани – 2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, бројката на оздравени пациенти е 1.378, на починати е 111, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 673, активни 169
Куманово – 419, активни 23
Дебар – 51, активни 0
Штип – 38, активни 3
Прилеп – 204, активни 55
Тетово – 161, активни 73
Струга – 71, активни 5
Велес – 127, активни 52
Битола – 28, активни 9
Охрид – 21, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 21, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 1
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 1
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1
Свети Николе – 1, активни 1
Направените 549 теста се преку ИЈЗ – 302, преку Ветеринарен факултет – 25, преку „Авицена“ – 24, преку „Биотек“ – 36, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 42, преку „Систина“ со PCR метода – 26 и преку МАНУ – 94. Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на ковид-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 209 теста се дел од скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа се примени седум нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се двајца 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ се примени 12 нови лица, а вкупно хоспитализирани 25. На респиратор се тројца пациенти, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани седум лица со ковид-19, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.