Францускиот специјалист за заразни болести, Дидиер Раулт, во видеото објавено на својот канал „Јутјуб“ изјави дека новиот коронавирус се ближи до крај, исклучувајќи ја можноста за појава на втор бран на епидемијата во која починаа повеќе од 300.000 луѓе ширум светот, и покрај тоа што Светската здравствената организација „потврдува“ дека новиот вирус никогаш не може да исчезне.

Новото изненадување, пренесено од францускиот лекар, кое е раководител на одделот за заразни болести во Болницата Марсеј во Франција, доаѓа да го побие мислењето на СЗО, која смета дека епидемијата можеби нема да заврши, потенцирајќи во неговите изјави дека вирусот значително се намалува на глобално ниво и дека крајот на кризата е близу.

Францускиот лекар исто така изјави дека светот нема да биде сведок на нов бран на појава на вирус, затоа што сите научни и истражувачки податоци потврдуваат дека епидемијата е скоро завршена, додавајќи дека некои изолирани случаи природно ќе се појават овде и таму на крајот, доколку има многу заразна личност, но сето ова веќе не ја одразува вистинската епидемиолошка динамика.