Премиерот Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академија што ќе се одржи вечер во Народниот театар во Сараево, а на која е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“, соопшти владината прес-служба.

Заев во Сараево оди со потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието Ферид Мухиќ и заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.

Свечената академија ја организира Здружението „Клепсидра“ во кое што членуваат еминентни претставници на академската заедница во БИХ.

На Свечената академија ќе се обрати Заев, а на настанот ќе присуствуваат бројни гости, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БИХ.