Снегот го побеле врвот на Пелистер, кај Антена на надморска височина од 2601 метри. Ова се први снежни врнежи од снег оваа есен.

Во Битола, како што објави ТВ 21, обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден.

Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени, што е вистинска промена, ако се знае дека до вчера, битолчани се шетаа по кратки ракави.