Најавената средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и претставници на Македонците во Бугарија, за која утрово објавивме дека е прифатена, е одложена на неодредено време, откриваат од здруженијата за порталот Република.
Оттаму велат дека средбата не е откажана туку само одложена, наводно поради зголемениот број на корона случаи во Македонија и во Бугарија.
Нов термин засега не закажан. Останува да се види дали короната е вистинска причина или пак шефот на државата се исплаши од можните реакции на властите во Софија.
За разлика од Македонците во Бугарија, кои за своите права се борат и во институциите на Европа и имаат повеќе пресуди во нивна полза, граѓани од Македонија кои се декларираат како Бугари и можат да се изборјат на прсти, слободно се среќаваат со преставници на највисоката власт во Бугарија, меѓу кои и со претседателот Румен Радев.