Генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, е најбогатиот македонски бизнисмен и го зазема 32-то место на списокот топ 100 најбогати во регионот на поранешна Југославија, што ја објавува магазинот Недељник.
Според овој магазин Мукаетов располага со капитал од 784.183.300 евра, и е неприкосновен меѓу осумтемина македонски бизнисмени што се најдоа во ТОП 100 во регионот.
Зад Мукаетов, на 44. место е Андреа Јосифовски од нафтениот гигант Макпетрол со капитал од 625.492.580 евра, а Илија Гечев од ИГМ Трејд е на 47-то место со капитал од 573.787.416 евра.
Во ТОП 100 на Недељник се и Гоце Камчев од КАМ на 85-то место со 274.590.435 евра, Слободан Кутревски од Пекабеско со 267.171.362 евра е 88-мо место, Страшо Милковски од Гранит со 265.799.470 евра е на 89-то место, Владимир Тодоровиќ од Тинекс со 217.957.480 евра е на 97-мо место и Висар Јакупи од Кипер маркет со 209.995.590 евра е на 100-то место во ТОП 100 најбогати во регионот.
На врвот се Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ од хрватски Инфобип со капитал над 3 милијарди евра, пред Мирослав Мишковиќ од српски Делта холдинг со над 2,8 милијарди евра, а трет е Дубравко Гргиќ од Аграм група од Хрватска со над 2,7 милијарди евра.