Менаџерот на фудбалската репезентацја на Иран го нападна Најк, производителот на спортска опрема кој одби на неговиот тим да му достави спортска опема заради санициите кои САД ги обновија кон Техеран.
Според последните ифнормации Најк одбил на фудбалерите да им достави копачки токму пред почеткот на Светското фудбалско првенство во Русија, а причината се санкциите. Бидејќи Најк е американска компанија, таа, како што се наведува во нивното соопштение, мора да ги почитува санкциите.
„Играчите ја користеа нивната опрема, а сега не е добро неа да ја сменат со друг бренд на само една недела пред мечевите. Побаравме од ФИФА да ни помогне“, изјави менаџерот Карлос Куеирос.
Иранците приот меч го играат протв Шпанија на 20 јуни. До тогаш им останува да го решат проблемот, најверојатно со замена со најгомиот ривал на Најк, германската фирма Адидас.