Вкупно осум минути трае летот на најновата авио-линија, кој веќе е прогласен за најкраток во меѓународниот сообраќај.
Линијата, која ја пушти авиокомпанијата „Аруба ерлајнс“, ги поврзува Аруба, карипскиот остров под суверенитет на Холандија и градот Пунто Фихо во северниот дел на Венецуела.
Растојанието помеѓу двата аеродроми е само 80 километри, а „Аруба ерлајнс“ за оваа кратка линија го избра „бомбардиер CRJ200“, најбрзиот авион.
Летовите на експресната авио-линија ќе се извршуваат два пати неделно – понеделник и петок – а најевтината карта ќе чини околу 200 долари.
Пред повеќе од една година, беше згасната досегашната најкратка  авио-линија, помеѓу Алтернхајн во Швајцарија и Фридрихшафен во јужна Германија.
Австриската компанија „Пиплс Виеналајн“, кој го одржуваше летот од 8 минути со авионот „Ембраер 170“, на тој чекор се одлучила поради слабиот интерес на патници