„Заради Ванѓа престанав да псујам. Таа ме научи и да се чувам од премногу задоволства и од многу убави нешта. Затоа што не знам дали можам да ја платам цената за нив. Внимавам да не повредам некого, да не зависам од спонзори, да не зависам од никого или од нешто, макар што во денешните денови работите се сложени и испреплетени. Но, најмногу се чувам од сопствените недостатоци, раскажувал бугарскиот уметник, академик Светлин Русев кој почина на 26 мај оваа година.

Телеграф пишува дека тој имал важна улога како духовен пријател на Ванѓа. Раскажувал дека врската со јасновидката започнала благодарение на ќерката на Тодор Живков, Људмила.

„Првата моја средба со баба Ванѓа беше при нејзината посета на Људмила Живкова, во Софија. Ја викнале да јасновидствува за некој болен човек. Таа ме побарала уште додека била во автомобилот. На возачот му рекла: Има еден претседател на уметниците, каков човек е, кај мене уште не дошол. И кога влегла во домот на Живкови, првите зборови и биле: Каде е Светлин? Донесете го. Без него нема да ви гледам. Ме најдоа за 15-20 минути и тоа беше мојата прва средба со нејзе“, раскажувал Русев.

Тој никогаш не ја прашал баба Ванѓа за себе. Но, тврди дека што и да кажала – тоа се случило. И во едно бил сигурен – таа направила многу за неговот духовно раснење. По аманет на баба Ванѓа, нацртал две икони, поставена во црквата на Рупите.

„Пред да умре, таа ми побара на направам две икони и да ги поставам во храмот. Едната ја покажува молитвата на Христос во Гетсиманската градина, а другата го покажува ангелот кој и јавил на Богородица за зачнувањето. Секогаш кога доаѓам тука, чувствувам како таа да е жива“, велел уметникот.