Лондонската полиција приведе еден 95-годишен маж, под сомнеж за убиство на неговата гатачка.

Како што јави ДПА, 61-годишната жена во четвртокот била пронајдена во нејзиниот стан во лондонската населба Холовеј, со сериозни повреди на главата, по што веднаш била пренесена в болница каде починала следниот ден.

Засега нема сознанија кои му биле мотивите за убиството на 95-годишниот Британец, кој боледува од деменција.