Најмалку 35 лица загинаа, а 30 се повредени денеска во судир на два автобуса на пустинскиот пат што го поврзува главниот град Дамаск со источниот дел на Сирија.
Еден од автобусите му припаѓал на сириското Министерство за внатрешни работи, објави државната новинска агенција.
Во спасувачката операција се вклучени и сириски воени хеликоптери.
МИА




