Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга на 60-годишна возраст, примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар на 64-годишна возраст, примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.
Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје – 841, активни 267
• Куманово – 455, активни 45
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 76, активни 41
• Прилеп –211, активни 41
• Тетово – 210, активни 78
• Струга – 84, активни 14
• Велес – 130, активни 30
• Битола –28, активни 3
• Охрид –23, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –26, активни 6
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 0
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 33, активни 2
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 3, активни 1
• Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 0
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -2, активни 1
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 0
• Берово-1, активни 0
• Свети Николе-1, активни 1.
Направените 771 теста се преку: ИЈЗ –447, ЦЈЗ Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со PCR метода -70 и МАНУ -114. Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На иннфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, велат од МЗ.
Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на коронавирусот.
Најмногу заразени има во скопската општина Чаир со 11, по што следува Бутел со 6 заразени.
Во општините Карпош, Аеродром и Сарај има по двајца заразени, а во Гази Баба еден.