Состојбата со заразата е алармантна. Денешните настани укажуваат на тоа дека треба да се пристапи со огромна сериозност. Да се зборува за избори во една ваква состојба е неодговорно кон граѓаните. Нужна е заштита на здравјето!

Ова го истакнува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

– На Мумамед Зекири со кого бевме на дебата на Телевизија 24, и на неговото семејство, им посакувам брзо закрепнување. Што се однесува до интересот на моето здравје, засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги превземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти.Апелирам да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно, пишува Јанушев во објавата на Фејсбук.