Сè поголем е бројот на граѓаните кои се незадоволни од работата на оваа влада, се зголемува и процентот на определените гласачи кои би излегле на гласање, расте рејтингот и на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

AОва се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

На прашањата за тоа во кој политичар веруваат и во кој лидер на политичките партии имаат најголема доверба, според одговорите на испитаниците на двете листи на прво место е Христијан Мицкоски (25,1 % и 16,6 %). На овие прашања интересен е резултатот на Максим Димитриевски, претседателот на ЗНАМ, кој покажува поголема популарност и од Стево Пендаровски.

МКД.МК
МКД.МК

Според рејтингот на политичките партии, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство – 27,2 %. Коалиција предводена од СДСМ би освоиле 10,7 отсто од гласачите, ДУИ – 8,7%, коалицијата Вреди 7,7%, ЗНАМ 5,5%, Левица 5,3%…

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.