Најпознатата дивоградба во општина Карпош напредувала и во деновите на жалост, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Интегрално го објавуваме текстот од денешната прес-конференција:
Надмината е дозволената висина, за тоа нема дозвола, менувани се документи отпосле- и тоа во сабота во неработен ден- скандалот е доволно познат, а институциите ги нема на терен! Што повеќе е потребно за сомнеж за здружување во криминалот?
Потребни се одговори:
Која е фирмата односно фирмите ангажирани за најпозната, најлуксузната дивоградба во општина Карпош, надградба без документи ? Дали се тоа фирми добитнички на тендери во Град Скопје? Дали воопшто има финансиска трансакција кон нив или се работи за противуслуга?
Оттука, додека се уште расте оваа дива надградба, уште еднаш повикуваме инспектори од урбанизам на Општината Карпош, но и државниот инспекторат за урбанизам- да излезат на терен и да направат увид и записник за фактичката состојба, дали висината на оваа градба е во рамки на ДУП-от, и дали има одобрение за надградба или се работи за класичен криминал?
Пишувани се казни на луѓе заради немање табла пред објект кадешто се изведува градба, зошто Шилегов е привилегиран?
Прашањата се нижат, а одговори нема ниту од Шилегов ниту од институциите, што раѓа сомнеж за злосторничко здружување!
Молкот во случајов значи злоупотреба на овластување и на служба. И тоа е кривично дело.
Видеото од прес-конференцијата може да го погледнете ТУКА.