На листата на најздрави нации во светот на прво место се наоѓа Шпанија, а Македонија го зазема 56-то место од вкупно 169 земји.
Според индексот на Блумберг за најздрави нации, Италија се наоѓа на второ место, Исланд на трето, Јапонија на четврто, а Швајцарија на петто место.
Што се однесува до поранешните југословенски републики, најздрави се Словенците, кои се наоѓаат на 24 место, потоа Хрватска на 31 место, Црна Гора на 41 место, БиХ на 42 место и Србија на 55 место.
Индексот на Блумберг ги оценува нациите според траењето на животниот век, прекумерната тежина, употребата на цигари и еколошките фактори, како што се пристап до чиста вода и санитарни услови.
Според прогнозите на Институтот за мерење и проценка на здравјето при Универзитетот Вашингтон, Шпанците до 2040 година ќе имаат најдолг животен век, речиси 86 години, а потоа следуваат Јапонија, Сингапур и Швајцарија.
САД се наоѓаат на 35-то место, додека граѓаните на Канада го заземаат 16-то место на најздрави нации.