Бернандо Ла Пало, човекот кој ја шокираше јавноста колку младо изгледа за негови години и кој, како што велеше, никогаш немал никаква болест, почина на 114 години.

-Тој почина брзо и без хронична болест. Неговото срце едноставно престана да чука. Тој ја следеше истата дневна рутина на денот кога умре, како и секој ден од неговиот живот. Едноставно дојде мигот кога требаше да си замине. Тој беше во мир со себе и со својот живот “, вели неговата најстара внука, Ерика Чембрлин.

Бернардо Ла Пало беше роден во 1901 година, а почина во 2015 година. Тој сметал дека причината за неговата долговечност лежи во здравата исхрана.

-Луѓето ме прашуваат што правиш за да останеш млад? Им велам: Знаете за онаа поговорка – ти си она што го јадеш?, велел Бернардо.
Неговото секојдневно мени се состоело од свежо, органски произведен зеленчук и овошје. Меѓутоа, постојат 5 видови храна за кои тој смета дека ја содржат тајната на долговечноста.

Цимет

Циметот не е само вкусен зачин. Тој е познат и по своите лековити својства. Помогнува во борбата против канцерот, болестите на срцето, и бактериски и габични инфекции.
Циметот е толку јак што може да помогне и во борбата против ВИВ вирусот.

Чоколадо

Конзумирањето на чоколадо може да придонесе за подобра работа на срцето. Чоколадото го намалува холестеролот, а ни помогнува и да се ослободиме од стрес. Доколку сакате да се опуштите и да уживате никогаш не се откажувајте до чоколадо. Меѓутоа, златно правило во животот е да не се претерува па ниту во конзумирањето чоколадо.


Лук

Лукот е познат како одличен борец против деменцијата, Алцхајмеровата болест, срцеви удари, детоксикација на телото но и спречување на разни видови болести. Дури и светски признаени лекари велат дека лукот е природен антибиотик и советуваат секојдневно да се конзумира во исхраната.

Мед

Пчелите ни направиле лек кој успешно опстојува повеќе од 5.000 години. Медот е познат како антисептик и антиоксиданс, како и лек кој се користи во антибактериски цели. Медот се користи и во козметички цели.

Маслиново масло

Експертите тврдат дека екстра девичанското маслиново масло е најдобро за нас. Богато е со здрави масти кои го хранат нашиот мозок и помогнуваат во зачувувањето на здравото срце. Маслиновото масло спречува дијабетес од тип 2, но и рак.

Уште корисни совети од Бернардо Ла Пало.

Бернардо Ла Пало потврдил дека никогаш не бил болен. За да остане здрав се придржувал до советот на својот татко: Ми рече да не јадам црвено месо.
„Никогаш не јадев брза храна, пржени компири и такви работи“.
Бернард секој ден пешачел, играл „дама“и редел пузли. Тоа му помогнало да го држи мозокот во кондиција, до последен ден.
„Памтам работи кои татко ми ми ги раскажа уште кога имав осум години“, признал Бернард, а пренесува сајтот Brightside.me.