Увозот на британски стоки во Германија минатата година е намален за 8,5 отсто, што е нов доказ за штетата предизвикана од Брегзит што ја трпи Лондон, пишува „Гардијан“.
Велика Британија веќе не се наоѓа на листата на петте најголеми трговски партнери на Германија, најголемата европска економија.
Германската статистика покажува дека увозот од Британија е намален на 32 милијарди евра во 2021 година, додека се зголемуваат набавките на стоки од други трговски партнери.
Вкупниот увоз на стоки во Германија е зголемен за 17,1 отсто на 1,2 илјади милијарди евра. Увозот од другите земји на ЕУ е зголемен за 16,8 отсто, а од Кина за 20,8 отсто.
Намалена е и вредноста на германскиот извоз кон Британија – за 2,6 отсто на 65,4 милијарди долари.