Пожарот на Скопска Црна Гора бил намерно подметнат од непознати лица.

Како што може да се забележи од самите фотографии некој намерно подметнал палети и го предизвикал пожарот, а со цел да се запали шумата.

Курир

Ова не е прв ваков случај каде намерно се подметнува пожар, и во минатото јавноста беше сведок на намерно предизвикани пожари кои што направиле големи шумски штети.

Инаку, од 1 јули до 31 август годинава воведена целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми”. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми” -Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат управуваат.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информираат од ЈП „Национални шуми” – Скопје, денеска согласно член 57, став 3, дало согласност за Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште што ќе стапи во сила од 01.07.2025 и ќе трае до 31.08.2025 година.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, се изрекува глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.