Москва е се уште заинтересирана да тргува со Анкара во националните валути – руската рубља и турската лира. И двете валути паднаа во однос на зелената банкнота.

„Прашањето за употреба на националните валути во билатералната трговија е прашање кое е покренато од руска страна одамна и на повеќе нивоа, вклучително и на високо ниво“, изјави Дмитри Песков, портпаролот на Кремљ.

Тој додаде дека Москва се стреми кон такво нешто во билатералната трговија и во економските односи и тоа е повторувано на билатералните руско-турски разговори.

Според Песков, во моментов санкциите од САД наметнати и спрема Русија и спрема Турција не влијаат на турско-руските проекти, а и не се очекува такво нешто.

-Се се одвива нормално, изјави Песков.