Засега непознато лице денеска пукало врз двајца полицајци пред амбасадата на Камбоџа во центарот на Москва, објави Раша тудеј.

Како што се наведува, еден полицаец кој бил ранет при нападот, успеал да возврати и го застрелал напаѓачот.

– Лицето, кое шетало по улицата Сивчев Вражек, без очигледна причина отворило оган кон полициските службеници додека се движеле по улицата, изјавила за Интерфкас Јулија Иванова од руската Комисија за истражување.

Полицајците употребиле огнено оружје против напаѓачот и го раниле, вели Иванова, додавајќи дека напаѓачот бил разоружан, а потоа и префрлен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.