Аеродромот во Дамаск вчера повторно беше погоден од израелски воздушни напади кои го ставија вон функција, неколку часа по обновувањето на летовите по сличен напад минатиот месец, соопшти Сириската опсерваторија за мониторинг на човековите права.
„Израелските воздухопловни сили извршија уште еден напад вчера попладне на меѓународниот аеродром во Дамаск… што повторно го онеспособи“, соопшти мониторинг група.
Според Групата, која исто така јавува дека одекнала експлозија на воениот аеродром во Мазе, во друг дел од главниот град, цел на нападот биле пистите.
Еден војник и двајца други вработени се ранети во нападот, чија цел беше „базата за воздушна одбрана во областа Мазе“, соопшти подоцна мониторинг група.
Извор од сириската армија во соопштението цитирано од официјалната новинска агенција САНА рече дека околу 16:50 часот „ционистичкиот непријател изврши воздушен напад со проектили од окупираната Голанска Висорамнина“.
поред САНА, цел на нападот бил „меѓународниот аеродром во Дамаск и некои објекти во регионот на главниот град“, а ударите го онеспособиле аеродромот и предизвикале „материјална штета“.
Сириските сили за воздушна одбрана „уништиле најголем дел“ од ракетите, се додава во соопштението.
фото: архива/илустрација