Два нови напади од кучиња скитници се пријавени вчера во полициските станици во Скопје, во кои биле искасани жена во Карпош и маж во Аеродром.

На 30.08.2019 во 20:10 часот во Полициската станица Аеродром, Л.С.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 30.08.2019 во 17:00 часот во Полициската станица Карпош T.Б.(60) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.