Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи доживеа вечерва елиминација во осминафиналето во Лига Европа, откако триумфот од 2:1 над Гранада беше недоволен да ја анулира негативата од првиот натпревар.

Наполи, во чиј почетен состав се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, поведе веќе во третата минута со голот на Пјотр Зелински, но шпанскиот тим на средина од полувремето израмни преку Анхел Монторо.

По примениот гол и поразот од 2:0 на гостувањето во Шпанија, на Наполи му беа потребни уште три голови за пласман во четвртфиналето, но до крајот стигна само до пирова победа преку Фабиан Руиз во 59 минута.

Елмас одигра еден час, пред да биде заменет со Дрис Мертенс.