Наполи ја забележа четвртата победа во низа во Серија А и е во трка за шампионската титула во Италија, бидејќи заедно со Милан сега е на само минус еден од лидерот Интер.

Тимот предводен од Спалети ја оствари посакувана победа на гостувањето кај Венеција со 0:2 во натпревар кој траеше точно 102 минути поради доста прекини и едно исклучување.

Елиф Елмас одигра 22 минути и влезе како резерва во 80-та, но до тој момент Наполи веќе имаше предност со голот на Осимен кој го постигна првиот гол по паузата од два и пол месеци.

Со овој резултат се влезе во судиското надополнување, во кое Ебуехи заработи директен црвен картон, а Петања ги постави конечните 0:2 за четврта победа во серија на „наполитанците“.

Инаку, исклучениот играч на Венеција ја приреди и најбизарната ситуација на мечот, бидејќи во вториот дел буквално го разнесе судијата Маријани од кого подоцна доби црвен картон.