Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 4.337,3 милиони евра и се намалени за околу 200 милиони евра во однос на декември, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (56,4 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (33,9 проценти) и монетарното злато (9,6 проценти).

Девизните резерви на крајот на декември 2023 година изнесуваа 4,538 милијарди евра.

Фото: МИА архива